АУРА советува:Трикови за лакирање на ноктите

1.Спречете го мачкањето со лакот околу ноктите

-ПРВ НАЧИН:Намачкајте го делот околу ноктите со вазелин.Вазелинот е мрсен и поради тоа лакот нема да се размачкува по кожата.Откако нанесениот лак ке се исуши,едноставно симнете го вазелинот од кожата или втријте го како хранлива крема за раце.

ВТОР НАЧИН:Користете лепак за хартија(безбоен)кој нема цврсто да остане на кожата.Постапката е иста како со вазелинот,ставете го лепакот на кожата околу ноктите.Ако при лакирањето прејдете и на кожата,лакот лесно ке се отргне со лепакот.

    

2.За да не се „листа“ лакот на врвовите од ноктите,користете базна основа, лак(Instant base coat од АУРА).Производот е проѕирен,во пакување како лак за нокти Resistant на АУРА и обично се наоѓа на рафтовите на АУРА сталажите,во делот на лаковите за нокти.Намачкајте од инстант базната основа два слоја-еден преку целиот нокот,а вториот слој на самиот врв.Откако ке се исуши базната основа,можете да ставате лак во саканата боја.

       

3.Маникир„Полумесечина“најлесно се прави со хартиен стикер.Тоа може да биде ханзапласт или најобично парче хартија кое  ке го залепите на коренот на ноктот.Остатокот од ноктот налакирајте го со саканиот лак,а ханзапластот/хартијата веднаш тргете го,додека лакот не се исушил.

 

4.Двобоен маникир со селотејп-За овој трик потребно е да го налакирате ноктот во саканата боја.Кога лакот потполно ке се исуши,залепете две траки селотејп на врвовите на ноктите во форма на буквата “V”.Прелакирајте го ноктот во друга боја и веднаш симнете го селотејпот.Ке добиете интересна шара!

5.Мермерни нокти со помош на чаша вода-оваа е апсолутно сјајна шара за ноктите.Во чаша вода ставете неколку капки од лакови во различни нијанси.Ке се создадат концентрични кругови кои можете да ги раздвижите со чепкалка за заби,правејќи интересни шари.Ноктот ставете го во направената шара и така пресликајте ја.Оставете да се исуши и ке добиете сјаен маникир.

6.За матирање на бојата на лакот и нејзино затемнување за 2-3 нијанси користете завршен слој со мат ефект-Matte top coat од АУРА,со кој ке постигнете ноктите да ви бидат интересен детал.Производот е со бела боја и обично се наоѓа во сите подоброснабдени парфимерии,аптеки и дрогерии низ Македонија по цена од околу 160 денари.

7.Пред употреба не „тресете“го лакот,туку вртете го со дланките.Со тресењето ке се создадат меурчиња кои го забрзуваат сушењето и пропаста на лакот.

8.За продолжено траење на бојата на лакот користете го безбојниот завршен слој од АУРА Up to 10 day.На овој начин ке овозможите лакот да ви трае долго по нанесувањето.