МЕ НЕРВИРА ВРЕМЕТО И ПОДОЧЊАЦИТЕ…

Ме нервира времето…Дождливо,есенско.Облачно и тмурно,проследено со засилен ветер.

Ме нервираат и моите подочњаци.Наречете ги и подочници и вреќички,кеси под очите.Како и да ги кажете,знајте дека ме нервираат и мака мачам со нив.

Сега се појави ТОЈ…Му верувам и го користам секојдневно.Онаа под очите се намалува,да не речам сосема исчезнува.

Да,ТОЈ…коректорот во стик ЖОЛТ по боја ја намали видливоста на сите виолетови и сини тонови на моето лице.Ме направи среќна.

Го нанесувам дирекно под очите,ставам врз него течен коректор и….престанав да се нервирам за подочњаците.

Останува да ме нервира времето…Онаа дождливо и есенско,облачно и тмурно,проследено со засилен ветер.