Правилен избор на нијансата на карминот

Убави усни,истакнати со вистинската нијанса на карминот се симбол на женственоста.
Токму поради тоа,AURA располага со богат асортиман нијанси на кармини,кои го пратат трендот на модната сцена.Сепак,за да се избегнат грешки при шминкањето,ке ви дадеме неколку совети во изборот на нијансата на карминот спрема бојата на тенот и очите.
Оваа сезона е најпопуларен трендот на пурпурни усни,односно нијанси од темно сини до виолетови тонови.Овие нијанси најмногу им одговараат на русокосите,бидејќи се во контраст со нивните светли очи и тен.На овие нијанси најмногу прилега розева нијанса на карминот за усни.Остатокот од шминкањето треба да биде во дискретен тон.
За девојките со посветол тен,предлагаме пастелни,светло-розеви,но и контрасно силно-розеви нијанси,кои ке го освежат целосниот изглед.

Девојките со фарбана руса коса,можат да користат и темни нијанси на црвена и розевкаста шминка,која ке го „разбие“бледилото на изгледот.
Кога одбирате вистинска нијанса,важно е карминот правилно да го нанесете.Пред нанесувањето на карминот,намачкајте ги усните со база за усни(предлагаме Lip liner од AURA)па со моливче за усни исцртајте ги контурите.За да избегнете размаќкување на карминот,по првиот слој,нанесете на усните малку од пудрата во прав.Ако сакате ефект на полни усни,на средината од долните усни нанесте сјај за усни(препорачуваме една од нијансите на сјај за усни Absolut shine од AURA).