Дуо четка за нанесување на сенка
Совршен прибор за разубавување на вашите очи. На едниот крај се наоѓа четкичка чии природни и исклучително нежни влакна кои се групирани во форма слична на врвот на молив поради што е позната и како pencil brush. Токму овој облик овозможува прецизно и концентрирано нанесување на пигменти во пределот на капакот, преминот околу окото, како и покрај самиот раб на трепките.
Идеална е за ублажување на острите премини помеѓу ајлајнерот, моливот за очи и аплицираната сенка.
Четкичката која се наоѓа на другиот крај е формирана од природни и многу густо спакувани влакна. Одлична е за нанесување на сенки и пигменти преку поголеми површини на очните капаци. Исто така, служи за убаво сенчање, односно за постигнување на soft look. Duo shader brush се препорачува за постигнување на ефектот smokey eyes.