база за сенка PRIME ME

Производот е наменет да овозможи подолго траење на сенката на очните капаци како и нејзина полесна апликација. По нанесувањето, површината на очниот капак станува мазна, а неправилностите на капакот се прекриваат со помош на комбинацијата од пигменти кои ги содржи. Помеѓу кожата на очниот капак и сенката се прави бариера, која заштитува од собирање на сенката во наборите на капакот.

Пигментите се со хидрофобни својства и во услови на високи температури потта нема да и наштети на шминката на очите. Спицифично за оваа формула е тоа што содржи витамин Е и екстракт од кора од приморски бор (Pinus pinaster) кој е одличен атиоксиданс и ја штити осетливата кожа на очните капаци од слободните радикали. Кожата ја одржува нежна и ја заджува нејзината еластичност.

Може да се употребува самостојно со цел да се изедначи бојата на кожата на очните капаци. Пред употреба производот треба добро да се протресе, хомогено да се нанесе на површината на горните очни капаци се до веѓите и да се причека неколку секунди за да се фиксира.

The message will be closed after 20 s
Ajax Loading