Сјај за усни LIP PLUMPER
Производ за усни кој ја комбинира силата на шминката со силата на третманот.Овој гел балзам,со течна но и полна текстура исклучително е пријатен за нанесување и не е леплив.Дава чувство на мекост,хидратација и моментална заштита.Благодарение на емолијенсите со висок индекс на прекршување,оптички ги прави усните поголеми и помеки за постигнување на „стаклен“ефект.
Формулата содржи екстракт од чили пиперка за реактивирање на микроциркулацијата и создавање здрав изглед на усните,благодарение на присуството на активната супстанција витамин Е.
Совет за нанесување:Можете да го користите со молив за усни или самостојно за сите свежи look-ови на усните.А за оние кои сакаат да го зачинат својот make-up look,можат да го користат Lip Plumper-от како топер преку секој кармин.
Ефект на зголемување(Plumping effect,plumping active)
Моќна активна состојка која има способност да го максимизира волуменот и да ги минимизира фините линии на усните
Екстракт на чили пиперката:
Ја стимулира површинската циркулација на усните со благо пецкање и зголемување на усните.
Витамин Е: антиоксиданс кој дава заштита.
Опис на боите:
Juicy(посветла нијанса)-прекрасна благо розева боја,совршено ќе прилега на вашите усни.Со оваа боја вашите усни ќе бидат сензуални и нагласени во секоја прилика.
Lush(потемна боја)-боја на месо,безгрешна нијанса.Совршено ќе се вклопи во дневните и вечерни make-up look-ови.