КАКО ДО СОВРШЕНИ ВЕЃИ?

Средувањето на веѓите знае да биде здодевно, но крајниот резултат секогаш се прекрасни веѓи кои претставуваат вистински украс на лицето.
Најдобар ефект се постигнува кога средувањето ќе му го препуштите на козметичар, но и сами можете да им дадете совршен облик на веѓите, доколку се придржувате до советите на експертите.
1.Одредете каде треба да започнат веѓите
Земете молив за веѓи(препорачуваме една од петте нијанси на AURA молив за веѓи) и ставете го на надворешната страна на носот. Горниот дел од моливот ќе го покажува почетокот на веѓата. Истото направете го на другата страна од носот и обележете ги местата каде што треба да започнуваат веѓите.

2.Одредете каде треба да биде лакот на веѓите
Без оглед на обликот на веѓите, сите имаат одреден лак, со тоа што кај некои луѓе тој лак е поголем, а кај други веѓите имаат порамен облик.
За да одредите каде треба да биде лакот на веѓите, гледајте право напред, замислете линија која започнува од врвот на носот и минува низ зеницата, сè до веѓата.
Местото каде замислената линија ја сече веѓата е делот каде лакот на истата треба да биде најголем. Ако не можете да ја замислите линијата, ставете молив од врвот на носот и поставете го над зеницата.
3.Одредете каде завршуваат веѓите
Повторно со помош на молив или замислена линија, следете ја линијата која започнува од надворешната страна на носот и минува покрај надворешната страна на окото. Токму таму треба да заврши и веѓата. Најдобро е да го поставите моливот и со моливче за очи од AURA да го обележите местото. Постапката повторете ја и за другата веѓа.