Што открива бојата на карминот за вас?

Бојата на карминот многу кажува за нашето расположение,карактер,стил и следењето на модата.Прочитајте што открива  вашиот омилен кармин за вас:
Сјаjно-розев кармин носат енергични жени,секогаш спремни за авантура.
Жените кои ги привлекува оваа нијанса на кармин,најдосадните излегувања секогаш ги претвораат во екстра забави.Нивното чувство на разиграност одговара на безгрижноста со која ги поминуваат сите препреки во животот.
Темно-син кармин (боја на слива)нанесуваат оргинални жени,кои не се плашат да бидат во центарот на вниманието.
Тие зрачат со својот сензибилитет и сексуална самоувереност.Овој кармин го истакнува едноставниот стил и самостојноста на жената која го користи.
Црвен кармин за страствени жени кои не се плашат да бидат во центарот на вниманието.Жените кои обожаваат нијанса на црвен кармин,секогаш се чувствуваат силни кога привлекуваат машки погледи.Нивниот карактер не им дозволува да бидат занемарени во ниеден поглед,па токму поради тоа се многу гласни во своите размислувања.

Кармин со боја на кожата користат топли и весели но и срамежливи жени.Секогаш вложуваат труд во својот изглед и сакаат да бидат сфатени сериозно.
Корална нијанса на кармин носат позитивни жени на кои насмевката им е секогаш на лицето и најчесто времето го поминуваат надвор,меѓу луѓето.Секогаш се трудат да направат најдобро што можат.
Темно-виолетова нијанса користат мистериозни жени,тивки по природа,но и доста софистицирани и интелигентни.Овие жени секогаш се сигурни во себе.
Темно црвена нијанса користат силни и тивки жени.Тие се самоуверени и знаат што сакаат од животот.Но од друга страна,овие жени се тивки и често со резерва гледаат на работите.Не бараат да бидат во центарот на вниманието,но имаат што да кажат.
Розево-кафеави нијанси користат самостојни жени,кои по природа се сериозни и интелигентни.Ги следат случувањата во модата и секогаш знаат што е во тренд.
Жените што не носат кармин немаат време за глупости!Ако немаат време за кармин,ке немаат време и за вас.Овој тип на жени се когаш се сериозни,насочени кон работата и не епрепорачливо да влегувате во конфликт со нив.
СЈАЈ ЗА УСНИ обично користат комуникативни жени,весели и друштвени по природа.Тие знаат да уживаат во секојдневните задоволства.