Правила за убав тен
СоветиТенот на кожата е одраз на здравствената состојба.Применувајте ги овие совети и имајте совршен тен:
Не употребувајте пудра без заштитен фактор!
Најдобар начин да ја спречите појавата на борите е користење на пудра со заштитен фактор,која ке делува и како крема за лице.Секогаш пудрата нанесувајте ја на целото лице но и на вратот,за да не постигнете ефект на шаренило.
Не користете погрешни нијанси
За мрсна кожа секогаш употребувајте нијанси на козметички производи кои во себе содржат салицилна киселина.
За осетлива кожа употребувајте производи на млечна база
За сува кожа користете исклучиво хидратантни производи со ретинол.Сапуните избегнувајте ги!
Негувајте ги градите и вратот
Лицето секогаш е најзагрозено од надворешни влијанија,но сонцето и сите негативни фактори влијаат и на деколтето и вратот дури и преку облека.Затоа,неопходно е да се третираат и овие делови од телото подеднакво како и лицето.
Мијте ги четките за шминкање
Со користењето на валкани четки за шминкање на лицето се добиваат чудни бои.Еднаш во три недели измијте ги четките со благ шампон и никогаш не користете туѓи четки.
Премногу чистење на лице
Многу честото и силно чистење на лицето е сигурен пат за трошење на природните маснотии на лицето.На тој начин кожата ке ви биде поосетлива и подложна на инфекции.Идеално е да користите глицерински производи три пати неделно.