Фарбање на косата

Фарбањето коса е еден од најбрзите начини да го промените својот изглед.Со фарбањето можете да ја осветлите,затемните и промените бојата на косата.Пред да се одлучите за промената,земете ја во предвид бојата на кожата,очите,па дури и на облеката која најчесто ја носите.

Бојата на косата нека ви биде во склад со тенот.Ако имате светла кожа-фарбајте се со посветли фарби за коса.Темниот тен не изгледа добро со светла боја на косата.
Ако сами ја фарбате косата-фарбата нанесете ја на косата со специјална четка за фарбање(AURA original четка за фарбање).Ставете фарба малку на врвовите на четката и почнете од коренот на косата.

Косата поделете ја на мали прамени поради рамномерното боење.За 10-20 минути нанесете ја  фарбата за коса по должината.Времето на фарбањето зависи од саканата боја-колку повеќе ја „држите“  пред миењето,толку потемна нијанса излегува.По тоа,косата измијте ја со топла вода без шампон и уште еднаш-двапати со шампон.

Кај фарбањето на седите влакна,фарбата се нанесува само на тој дел.Неколку минути пред миењето,остатокот од фарбата разредете го со вода(1:3)и нанесете на целата коса,како би се изедначила бојата.