БРЗО УТРИНСКО ШМИНКАЊЕ
СоветиВи претсавуваме едноставен водич за брза и секогаш совршена утринска шминка.
Овие make-up совети ке ви помогнат да изгледате свежи и убави а нема да ви одземат многу време!
1.ПУДРА наместо КРЕМА ЗА ЛИЦЕ
Наместо да губите време наутро ставајќи крема,пудра и коректор,ставете само пудра која ке ја користите како крема за лице.Пудрата TAKE CARE OF ME! ги има сите особини на дневна крема и е наменета за сите типови кожа.Богата е со витамин Ц,ја хидрира кожата и има заштитен фактор 15.Сосема доволно кожата да изгледа свежо,а лицето да има здрав и младешки изглед.
2.Нанесето го РУМЕНИЛОТО по план
Ако го нанесете руменилото по сопствен план,ке заштедите доволно време наутро.Планот нека биде:Малку руменило под јагодиците и спремни сте за одење!
Препорачуваме нијанса од руменило GLORIOUS CHEEKS затоа што лесно се нанесува по лицето и не остануваат грутки од руменилото по лицето.Брз и ефикасен начин,со два прста, да му дадете на лицето нова димензија.Само ставете го на делот под јагодиците!
3.Едноставен третман на очите
“Smokey eyes” техника за истакнување на очите наутро-звучи како комплицирана идеја која ке ви одземе многу време.Наместо тоа,со моливче за очи(нијанса 73-црна или нијанса 87-бела) поминете го делот над горните и долните трепки.Линијата размачкајте ја со ЧЕТКИЧКА ЗА ОЧЕН КАПАК и “Smokey eyes”е спремен!
4.Совршени усни
Ако не планирате да носите јака шминка на очите,тогаш усните нека бидат во центарот на вниманието!Исцртајте ги краевите на усните со молив за усни,а потоа нанесете кармин во смела,јака нијанса!