ТРИК:Како да го намалите носот со помош на шминка?
СоветиЖената секогаш се соочува со мали маани на лицето , без разлика дали се тоа премногу мали усни, широко лице и голем нос. За среќа , шминката работи чуда, па благодарение на неа, може да се постигне саканиот ефект. Со користење на различни трикови, природно, без операција, без трошење на огромни суми на пари, може визуелно да се намали носот .
АУРА СОВЕТУВА:Употребете подлога
Пред да почнете со шминкањето ,нанесете на лицето база за шминка(ви ја препорачуваме базата за шминка PRIME ME!од АУРА) која ќе ја задржи шминка на лицето во текот на денот и нема да ви се размачка на одредени делови на лицето, како што често се случува по неколку часа.Откако ке се нашминкате,задолжително фиксирајте ја шминката со фиксаторот од Аура FIX ME!
АУРА СОВЕТУВА: Користете течна пудра
За засенчување на носот, користете две нијанси на пудра, потемна и посветла. Најдобро е да се стави погуста пудра,со поголема моќ на покривање(ја препорачуваметечната пудра COVER ME!),Потемна нијанса од оваа пудра ставете на рабовите на носот , додека на основата на носот, користете посветли нијанси. Внимавајте на преминот и намалете ја разликата на нијансите помеѓу краевите и основата на носот.
Неправилности на вашиот нос
Ако имате голем нос, со темна нијанса на течна пудра покријте го целиот нос, а со посветли нијанси покријте ги деловите кај ноздрите.
Оние со долг нос, со темна нијанса треба да го покријат врвот на носот и ноздрите.
Широк нос се прекрива со ставање по темни нијанси од течната пудра на двете страни на носот,од веѓите кон ноздрите.На останатиот дел од носот нанесете посветла нијанса од пудрата.