Пет основни четки за шминкање

1.Четка за течна пудра: Foundation Brush
Четката е рамна и остра,како што и треба да биде за оваа намена.Влакната се доволно долги,така што може да се користи и при нанесување на течен коректор од потесно пакување.Направена е од синтетички влакна со исклучителна мекост.Со четкичката,коректорот рамномерно се нанесува,без да остануваат траги од четката.Врвот на четката е прецизен и тенок,токму за нанесување на кремасти руменила и течен хајлајтер.

2.Повеќенаменска четка во практично пакување Retractable Brush.
Може да се користи за нанесување на сите козметички производи во прав(руменила,хајлајтери,бронзери,пудри во прав…)
Четката е рамно сечена,од природни влакна.Многу е мека а воедно и густа,што го олеснува нанесувањето на производите.Благодарение на практичното пакување,може да се стави во секој несесер и е идеална за корегирање на шминката во текот на денот.

 

3.Четка за контурирање на лицето-Contour Brush
Со оваа остра четка,добро приспособена на рака,може прецизно и убаво да се нанесат и извлечат линии околу јагодичната коска и носот.Паралелно може да се користи и за руменило,бронзер и хајлајтер.Бидејќи е косо сечена руменилото се нанесува со пошироката страна,а хајлајтерот побргу се нанесува со косо-сечениот дел на четката кој токму легнува под јагодичната коска.

 

4.Mала косо-сечена четкичка Small angel brush
Изработена од синтетички влакна со стандардна големина за овој тип на четки.Се користи стандардно за прецизно нанесување на сенка долж горниот или долниот очен капак,за нанесување сенка на веѓи или за гел ајалнер.Совршена е за дефинирање или пополнување на веѓите,како и за прецизно исцртување и нагласување на очните капаци.

5.Двостраната четка за нанесување сенка Duo shader brush
Направена од природно влакно,со неа може комплетно да се нашминкаат очите.Широката,плочнаста страна е добра за нанесување на сенката преку очниот капак со тапкање по него,а врвот на четкичката може да се користи за блендање на краевите на лицето и контурирање на окото со мат кафеава сенка.
Другата страна на четката се нарекува pencil brush и се користи за прецизно нанесување на сенка во аголот на окото. Идеална е за ублажување на острите премини помеѓу ајлајнерот,моливот за очи и нанесената сенка.Исто така,служи за убаво сенчење,односно за постигнување на soft look,а се препорачува за постигнување на ефектот smokey eyes.

Повеќе за четките прочитајте на:http://aura.com.mk/proizvodi/