10 грешки во шминкањето
СоветиКолку и да сте вешти,секому може да се случат грешки при шминкањето.Тоа може да биде последица од шминкање под лошо светло,непознавање на одредени make-up производи или едноставно-сте претерале.
АУРА ви ги претставува 10 најчести грешки при шминкањето.
1.Бојата на веѓите прилагодете ја на бојата на косата
Природната боја на веѓите обично малку е посветла или потемна од бојата на косата
Препорачуваме:кога купувате моливче за веѓи,ако имате светла коса,купете две-три нијанси потемно моливче.И обратно.Ако имате потемна коса,купете две-три нијанси посветло моливче за веѓи.Доколку имате шатирана коса,бирајте моливче кое ке биде во тон со најсветлите прамени на косата.
2.Нанесувате течна пудра со плочнеста четкичка-Апсолутна грешка!
Ваков тип четка не само што не покрива поголема количина од лицето,туку често остава и ситни бразди.Наместо ваква четка,употребувајте специјално направени четки за нанесување течна пудра,со кои рамномерно ке ја нанесете и распоредите пудрата.
Препорачуваме:Четка за течна пудра Foundation brush од Аура.
3.Предолги вештачки трепки
Поентата на вештачките трепки е да го зголеми волуменот и густината на природните,но не и да се гледа од авион дека трепките не се ваши.Не претерувајте со должина и густина на трепките,бирајте ги оние кои ке се совпаднат со вашето око.
Препорачуваме:Важно е да сте гламурозни,но и понатаму природни.Екстравагантите вештачки трепки,кои се резервирани за модна писта,можете да ги комбинирате ако сами им ја одредите должината,сечејќи ги врвовите на трепките со ножици по сопствена желба.
4.Бронзер во топол тон за контурирање
Мислите дека поентата на бронзерот е во топлината на тонот и дека се е во оној златен сјај?
Грешка!Топлите тонови на образите(златести,портокалови,бронзени)изгледаат вештачки.
Препорачуваме:користете мат бронзери во ладни тонови,со што ке изгледате далеку поприродно.
5.Премногу компактна (камена) пудра за да ја фиксирате шминката.
Лицето не само што ке ви изгледа како да носите маска,туку ке ги затворите и порите,со што можете да ја загрозите убавината и здравјето на кожата.Постои многу поедноставен начин да обезбедите постојаност на шминката-фиксатор за шминка!
Препорачуваме:Спреј за фиксирање на шминката Fix me! од Аура.
6.Премногу течна пудра
И оваа може да биде проблем.За да се покријат неправилностите на лицето,голема грешка е ставањето на голема количина течна пудра,со што се добива уште полош ефект.Поентата е да се прекријат недостатоците,но тоа да изгледа природно.
Препорачуваме:Најдобар начин да се осигурате дека не сте нанеле премногу пудра е по нанесувањето на пудрата да почекате неколку минути кожата да впие,па со чисто хартиено марамче притиснете неколку пати на цело лице.Марамчето ке го собере вишокот на пудрата.
7.Бел ајлајнер на водената линија на долните трепки
Ставањето светло-бела нијанса на внатрешниот дел од долните трепки не изгледа многу природно.
Препорачуваме:Наместо белата нијанса,користете моливче во светла боја на праска или светла нијанса на кожата(Xpress молив за очи нијанса 604 од Аура).Ке изгледате многу поприродно.
8.Видлив коректор на лицето
Оваа може да изгледа многу невкусно и да го расипе целосниот впечаток на шминката.Премногу коректор или погрешна нијанса-оваа грешка не смее да ви се случи.
Препорачуваме:Внимателно бирајте ја нијансата на коректорот,таа треба да биде посветла од вашиот природен тен,максимално за 2-3 нијанси.
Нанесувајте го со четката за течен коректор со „тапкање“,не развлечувајте и не размачкувајте го коректорот,бидејќи ке навлезе во порите и брчите ке бидат видливи,наместо да ги сокриете.
9.Користите иста четка за соединување на сенката
Блендање т.е соединување на сенки е клучна работа за беспрекорен smokey eyes ефект,меѓутоа ако користите иста четка за секое шминкање на која останале трагови од претходната сенка,нема да ви се допаѓа крајниот резултат.
Препорачуваме:Користете повеќе четки или ако имате една,задолжително мијте ја по користењето.
10.Воочливи оквирни усни
Овој тренд беше актуелен во 90’ -те години ,со комбинацијата на црн молив и црвен кармин.Линијата на моливчето околу усните не смее да се види,за да не се постигне ефектот на оквирни усни,заградени со нијанса на моливче која е воочлива
Препорачуваме:Иста нијанса на кармин со иста нијанса на моливче за усни!Целта на моливчето е да го спречи размачкувањето на карминот преку краевите на усните,а не да ги обележи усните видливи од авион.