Aura All Year Bronze Bronzing Powder!!

Здраво девојки,
Бронзерот е еден од производите од декоративната козметика, кој за мене е mast have во секој период од годината. Со него успевам да добијам сосема природен изглед со означени контури на лицето. Притоа некористам никакви сетови за контурирање на дневна база бидејќи имам доста светол тен, па сета таа работа сосема солидно и добро ја врши бронзерот.

Пред извесен период компанијата Аура во продажба лансираше нови бронзери наречени All year bronze bronzing powder, а денес јас сакам да ви претставам два од нив и тоа 911 Safari trip и 910 Sandy beach.

Она што генерално можам да го кажа и за двата бронзери на Аура, е тоа дека сум воодушевена од нивниот квалитет и одлична текстура.
Лесно се нанесуваат на лицето и лесно се блендаат, а така нанесени даваат сосема природен изглед и едноставно се стопуваат со тенот.

911 Safari trip – овој бронзер мене ме потсетува на Африка поради комбинацијата на бои и начинот на кој тој е сместен во самото пакување.
Содржи 3 бои, темна ,средна и светла, кои може да ги комбинирате и на тој начин да добиете боја одлична за девојки со поисончан или потемен тен,но и за девојки кои со овој производ ќе ги нагласат своите контури.
Секако, секоја од овие бои може да ја користите индивидуално како преодна сенка за прегибот на окото, контурирање на носот, исцртување на веѓите, а мене најомилена друга намена на овој бронзер, хајлајтинг со помош на најсветлата нијанса.
Самиот производ е навистина доста голем и во себе содржи 18г. што ќе ви потрае доста долго. Како што напоменав погоре, текстурата на овој производ е свиленкасто нежна ,одлична за ваков тип на производи.
За мене овој бронзер е одличен за дневна но и вечерна опуштена варијанта на шминка.

910 Sandy beach – ова е нешто потопла варијанта на бронзер и одличен е за вечерна шминка поради ситните светки кои ги содржи во себе.
Нанесен на лицето, светките едноставно се стопуваат со кожата и се неприметни,но даваат благ хајлајт и отсјај па така го нагласуваат местото на кое е нанесен овој бронзер.
Текстурата и на овој бронзер е идентична како и на предходниот, па со самото тоа тој е многу добар за нанесување и блендање.
Можебии поради неговата топла нијанса ,овој бронзер би бил одличен за дневна варијанта на шминка ,но светките кои се наоѓаат во него го прават по гламурозен ,и според тоа мое мислење е дека овој бронзер е пред се наменет за по глаурозна шминка.

Доколку сте во потрага по бронзер кој лесно ќе се прилагоди на Вашата кожа, бронзер кој ќе има одлична текстура и квалитет, а притоа нема да чини илјадници денари, овие бронзери на Аура се вистински избор за Вас.
Моја целосна препорака за нив.

posted by Му МакеUp Bag M.blogspot.com