За дневна варијанта на шминка
Рецензии и мислењаЗдраво девојки,
Добродојдовте на мојот блог.
Денес , како што може да погледнете во насловот, со Вас сакам да ги споделам моите први впечатоци од користењето на некои нови производи кои пред извесен период се најдоа во мојата колекција, а до сега немав прилика да ги користам.
Станува збор за неколку новитети на компанијата Аура,односно база за нанесување на шминка, хајлајтер и течен мат кармин.
Па да започнеме:
Ова е прв производ од ваков тип кој јас го користам, односно прва база за нанесување на шминка.
Бидејќи на пазарот постојат мал милион базни производи,неможев да се одлучам за еден од нив,а во меѓувреме кај мене пристигна базата на Аура и сосема случајно тоа беше производот кој започнав да го користам.
Иако неможам да направам споредба помеѓу овој и друг производ со иста намена, сепак можам да кажам дека мене многу ми се допадна ефектот кој овој производ го остава на кожата. Пред се, потребни се 2 капки од овој производ како би го прекриле цело лице, што значи дека ова пакување од 30тина милилитри ќе трае со месеци.
По нанесување кожата е мазна и без набори , свиленкаста на допир и одлично припремена за понатамошната шминка. Пудрата нанесена над овој производ ќе направи Вашето лице да изгледа како да е од порцелан.
Пред извесен период, компанијата Аура на пазарот лансираше линја на производи наречена So Sweet , помеѓу кои се наоѓаше и овој гел хајлајтер кој го привлече моето внимание и долучив да го испробам.
Пред се ,овој производ има интересна структура на желе која веднаш и лесно се нанесува на посакуваното место .Неговата нежно розевкаста боја и златен сјај, го прават идеален за вечерна гламурозна шминка, а долготрајноста одлично се вклопува во долгите ноќни забави.
Сепак сметам дека овој производ ќе биде одличен за летниот период кога кожата бара хидратизација, а производите кои ги користиме се течни како и овој хајлајтер.
Absolute Matte течните мат кармини се едни од омилените производи за усни на женската популација, и со право бидејќи се одлични во секоја смисла.
За нивната одлична пигментација, долготрајност, лесно нанесување и одлични нијанси, веќе можевте да прочитате на мојот блог ,а и на секој друг beauty блог, па затоа јас нема да пишувам за тоа колку овој производ е добар, туку овојпат сакам да ви ја представам новата нијанса во мојата колекција. Станува збор за нијансата 610 Vivid feel , темна нијанса која е некоја мешавина помеѓу бордо и виолетово, моја омилена до сега.
Ова е нијанса на кармин кој лесно може да го прилагодите во вечерна и дневна варијанта на шминка, небитно дали притоа одите на работа, кафе со пријателите или гламурозна забава.
posted by My MakeUp Bag M