Како карминот да трае подолго:4 чекори до совршени усни
СоветиПо голтка кафе вашиот совршено нанесен кармин станува лоша дамка?Сега на тоа дојде крајот!
Тајната на совршените усни е добра база за усни(lip primer)а со исцртувањето со неутрален молив помагате карминот да не се разлее.
Оваа се мали трикови за совршено нашминкани усни:
Што ви е потребно:кармин,влажни марамчиња,база,моливче за усни,стапчиња за уши и хартиени марамчиња.
1.чекор:Исчистете ги усните со влажно марамче
2.чекор:Со мала четка нанесете ја базата за усни(препорачуваме AURA lip primer)а потоа исцртајте ги и пополнете ги усните со неутрално моливче за усни.
3.чекор:Нанесете кармин,а евентуалните неправилности одстранете ги со стапче за уши.
4.чекор:Направете го оној познат чекор(гримаса)по нанесувањето на карминот(за него не постои соодветен израз,но секоја жена знае за што се работи)а остатокот од карминот избришете го со хартиено марамче.