АУРА СОВЕТУВА:КАКО СО ШМИНКА ДО ПОМЛАД ИЗГЛЕД?
СоветиАУРА претставува неколку техники кои ке помогнат да изгледате помладо,но и грешки во шминкањето со кои ке изгледате постари.
РУМЕНИЛО
Изразените образини(јаболчници) чинат лицето да изгледа аристократски,но можат да ви додадат и некоја година плус.Ако ви е важно,од било која причина,да изгледате постари,тогаш затемнете ги јаболчниците на лицето со кафеаво-црвена нијанса на руменило.
Младо лице секогаш сјае со нежни црвенкасти нијанси.Изберете освежителна нијанса (розева нијанса или нијанса на праска)и нанесете ја високо на образините,потоа втријте капка од сјај за усни преку нијансата на руменилото.
ПРЕПОРАЧУВАМЕ:GLORIOUS CHEEKS руменило,нијанса 224 или 211.
ПУДРА
Дебел слој на течна пудра и правење маска од шминката значи дека ке изгледате 20 години постаро.Шминката ке се собере во секоја пора од лицето и ке ги нагласи сите неправилности.
Ако сакате да изгледате помладо,изберете пудра која ја хидрира кожата и ставајте ја во тенок слој,најдобро со прсти.
ПРЕПОРАЧУВАМЕ:
Течна пудра TAKE CARE OF ME,12 часовна,со заштитен фактор 15.
МОЛИВ ЗА ОЧИ/АЈЛАЈНЕР
Светлите нијанси на моливчињата за очи создаваат младешки изглед,предизвикуваат внимание и ја нагласуваат нивната убавина.ПРЕПОРАЧУВАМЕ:Нијанси 604,606 и 608 од XPRESS моливчиња за очи од АУРА.
Интензивни тешки и црни бои околу очите изгледаат импресивно,но ако се претера со црн ајлајнер,ке го нагласите црвенилото на очите и ке изгледате постаро.
СЈАЈ ЗА УСНИ
Ако сјајот за усни го нанесете на целата усна,ке изгледате постаро,колку и да сте млади!
Затоа,сјајот за усни се става исклучиво само на долната усна,со што ке создадете ефект на младо лице и полна усна.
ПРЕПОРАЧУВАМЕ:Нијанса од Absolut shine сјај за усни од АУРА.
ПРАВИЛА ВО ШМИНКАЊЕТО
За постар изглед:
-кафенкаст кармин
-пресветла нијанса на течна пудра
-изразито црн ајлајнер околу очите
-темно плава сенка за очи
За помлад изглед:
-светла нијанса на сенка за очи во внатрешните агли на очите и под веѓите
-руменило во розева, корално-розева и праска-нијанса
-златен бронзер,ставен на коската од вилица и вратот
-добро дефинирани трепки.