Како да ги поставите вештачките трепки?

1.Приспособете ја должината на вашите трепки на должината на вашиот очен капак со сечење на трепката спрема саканата должина(доколку е потребно).

                           

2.Ставете од лепакот за трепки(проѕирен или црн) на целата должина на трепката,во тенок слој.

3.Додека чекате лепакот да се засуши(10-20 секунди),свиткајте ги надворешните краеви на трепката во облик на вашиот очен капак.

4.Поставете ја трепката што поблиску до врвот на очниот капак(до природната трепка)и почнете со лепење,прво на внатрешниот крај на очниот капак,а потоа и на надворешниот.Нежно притиснете.

КАКО ДА ГИ ИЗВАДИТЕ ВЕШТАЧКИТЕ ТРЕПКИ?

Нанесете од двофазниот AURA лосион за симнување шминка на очниот капак„TAKE IT OFF“ и повлечете ја вештачката трепка,прво од надворешниот крај на окото.