Не користете ги бебешките производи за вашата коса!

За убава и здрава коса,прочитајте ги советите:

-Не употребувајте едно и исто средство за коса цел живот,колку и да е добро!

Со долготрајно користење на еден и ист производ,косата се заситува со што самиот производ го губи првобитното дејство.
-Мијте ја косата 2 пати неделно,а во лето 3 пати!

Секојдневно и често миење на косата доведува до зголемено замастување на темето,а со тоа и оболување на кожата на главата.

 

-Најголема грешка-користење на бебешки производи!

Впрочем pH кожата на главата на детето и на возрасниот човек е различна.Поголема штета наместо корист ке добиете ако производот кој е наменет за вашето бебе го користите вие,под изговор да не се фрли.

-Шампон против првут или сапун?

Секогаш избирајте ги производите со тврд состав,во случајот подобро изберете сапун од козјо млеко против првут отколку шампон.

-Црвено теме,чешање и постојана појава на првут се знаци на оболување на кожата на главата.Веднаш посетете го дерматологот! За здрава коса треба да имате здрава кожа на глава.