Прецизно природни и луксузно темни
СоветиPrecious nude & Luxury dark.
Во прашање се две палети кои содржат по 12 сенки за очи,комбинација на мат и седефни нијанси,со четкичка од синтетички влакна.Пакувањето е цврста црна пластика со огледало од внатрешната страна.
За дневна и вечерна шминка PRECIOUS NUDE ,палета на сенки составени од 12 „прецизно природни“нијанси од кои 4 се со седефна текстура а останатите 8 се мат.
Со оваа палета може да се креираат разни make-up look-ови од оние секојдневни,нежни и романтични па до свечени и вечерни.
Иако на прв поглед изгледа неутрална,оваа палета е совршена за правење добар“ smokey eyes”изглед.
LUXURY DARK е палета за оние кои сакаат јака,похрабра шминка.Од 12 сенки,8 се мат,3 се седефни а 1 е светликава нијанса.Во оваа палета е доста интересен избор на нијанси,бидејки ги има од мат бела,преку светло розева,теген сина,па до светло црна.
Иако на прв поглед делува доста темно,сепак со оваа палета можете да постигнете нежен,секојдневен make-up look,а оној драматичниот се подразбира.
ЗАКЛУЧОК:
Сенките се меки на допир.Нивната трајност по нанесувањето на очите ке ја обезбедите со претходно нанесување на базата за сенка Aura Prime me!
Цената на една палета сенки 12/1 со гратис четкичка е околу 600 денари.
Квалитетот на двете палети е ист-седефните и мат нијансите се одлично пигментирани.
Лесно се нанесуваат и уште полесно се блендаат на лицето,за што многу помага и четкичката која ја добивате со сенките.
Палетата има 12 грама а цената е околу 600 денари.