Секси поглед со вештачки трепки
СоветиЗа постигање секси поглед со вештачки трепки,користете ги следните чекори:
1.Пред да ги ставите трепките,исцртајте ги со ајлајнер краевите на горните природни трепки.Затрлајте ја линијата,за да постигнете „замаглен поглед“ со што траката која ги држи вештачките трепки ке биде неприметна.
2.Лепакот за трепки истискајте го преку траката на вештачките трепки и почекајте неколку секунди.Истото можете да го направите и со вештачките прамени-снопчиња,на чии врвови се става од лепакот.
3.Залепете ја трепката на горниот капак,што поблиску до природните трепки,и малку притиснете со прстите.Прамените/снопчиња се ставаат на ист начин,од надворешниот дел на очниот капак.
Најдолгите влакна од вештачките трепки треба да бидат при крајот на окото,кон слепоочницата,а пократките во насока кон носот.
4.На крај со виткање подигнете ги вештачките и природните трепки и нанесете маскара.