Совет:Како да изгледате помладо?
Совети1. Мијте го лицето барем два пати дневно во текот на денот и тоа со ладна вода,бидејки топлата вода ги шири порите ,па кожата побргу старее.
На двете дланки ставете максимална количина вода и плискајте го лицето се додека не почуствувате треперење на кожата.Тоа е знак дека започнала циркулацијата.
2. Бришете ја кожата на лицето постепено,прво полесно и побавно,а потоа се побргу и појако.Крпата од фротир нека ви послужи како масажер,тријте го лицето со кружни движења,како би ја засилиле циркулацијата.
3. Коцките лед ке му годат на вашето лице по миењето.Трлајте го лицето со коцка лед по миењето,на тој начин ке го вратите тонусот на кожата.
4.Ледот на лицето може да годи и поради една друга причина-го симнува отокот под очите.Ако наутро се разбудите со оток под очите-не грижете се!Од замрзнувачот извадите две коцки мраз и држете ги на отоците околу 10 минути.Ке видите колку малку време е потребно отокот да исчезне.