7 правила пред венчање

Секогаш е важно да бидете убави,но и да се чувствувате убаво во својата кожа.Посебно на денот на венчавката.Затоа, применете ги овие правила пред да го кажете судбоносното ДА.

ПРВО ПРАВИЛО-Одберете соодветна пудра
Пудрата треба да биде во сооднос со бојата на кожата.Не претерувајте со количина и не ставајте темни нијанси,бидејки разликата ке се види на вратот во однос на останатото тело,а тоа изгледа многу невкусно.
Совет:Како да ја одредите бојата на тенот?
Погледнете ги вените на внатрешната страна на подлактицата на дневна светлина.
-ако се зеленкасти,вашата кожа има жолт подтон,што значи дека бојата на вашиот тен е топла.
-ако вените ви се повеќе сини,тогаш и подтонот на вашата кожа е син,а бојата на тенот е ладна
Ако тенот не ви спаѓа во ниедна од овие две групи и ако подеднакво добро ви стојат сите бои,тогаш вие сте една од среќничките кои имаат неутрална боја на тенот.
Секогаш бирајте ја нијансата на пудрата најслична до бојата на вашата кожа.
Розевите нијанси на пудите се за ладен тен,жолтеникавите нијанси на пудрите се за топол тен,а за неутрален тен се произведуваат пудри во беж нијанси.

Кој тип на пудра одговара на вашата кожа?
Зрела кожа
Ако сакате на денот на венчањето вашата кожа да изгледа младешки,одберете некоја лесна подлога или некој апудра со средна покривност,која ја хидрира кожата и ви го изедначува тенот.пробајте да избегнете тешки и густи пудри со голема покривна моќ,бидејќи само ке ги истакнете недостатоците.
Препорачуваме:Нијанса од течната пудра Take care of me! со заштитен фактор 15. ВИДИ
Сува кожа
Одберете течна пудра со поголема покривност.Препорачуваме нијанса од Cover me! течната пудра со заштитен фактор 20.НИЈАНСИ на Cover me!
Мрсна кожа
Ако кожата ви е мрсна,користетепудра во прав,која може да се нанесе преку течната пудра.Препорачуваме нијанса од компактната (камена)пудра Velvet matte.
ВТОРО ПРАВИЛО-Истакнете го само адутот од лицето!
Важно е да останете умерени,дури и кога ќе се одлучите за јака шминка.Не пратете ги слепо трендовите и да претерувате во нанесувањето на козметичките производи.Истакнете го онаа што најмногу го сакате на лицето.
Совет
Ако имате убави и крупни очи,ставете појака сенка или ајлајнер кој уште повеќе ке ја изрази убавината на очите.Доколку имате полни усни и прекрасна насмевка,одлучете се за кармин во смела нијанса.

ТРЕТО ПРАВИЛО-правилна сенка за очи
Одберете сенка која се сложува со бојата на очите,косата и венчаницата што сте ја одбрале.Популарни нијанси за венчаница се светло и темно кафеави,црни,сини и златни тонови.
Видете кои сенки највеќе се сложуваат со бојата на очите:
Сини очи
Нијанси кои ке ги истакнат сините очи се браон,нијанса на праска или портокалова,а за погламурозен ефект изберете ги сите нијанси од сива,темносива па се до металик сребрена боја.

Зелени очи
Вам ви одговараат нијанси како темно-виолетова,индиго сина,циклама и пинк.Тие го даваат контрастот на зелената боја на очите.
Светлокафеави очи
Најмногу одговараат нијанси во беж или златна боја во комбинација со темна нијанса на истата боја.За оние похрабрите,предлагаме темносина боја во комбинација со сребрена сенка.
Темнокафеави очи
Нијанси кои најдобро се вклопуваат со вашите очи се шампањ-боја и нежно кафеави тонови.Можете да се одлучите за зелени или сини нијанси.за гламурозен изглед изберете златни и бакарно светкави сенки.

Нијанси на сенки за очи http://aura.com.mk/portfolio/divine-eyes-senka-za-ochi/
ЧЕТВРТО ПРАВИЛО-Не претерувајте со руменилото
Доволно е да ги истакнете образите со нијанса која најмногу одговара на вашата кожа.Руменилото треба да изгледа природно,како кога ке ви се заруменат образите од напор.
Совет
За девојки со светла коса и тен,предлагаме розеви тонови,од топли до розево- бисерни нијанси.
Ако имате светол тен а темна коса тогаш идеално ке ви стојат топли нијанси како портокалова и боја на праска.
За темен тен и коса најдобро одговараат црвенкасти,земјени и бронзени нијанси на руменило.Нијанси на руменило видете на http://aura.com.mk/portfolio/glorious-cheeks-rumenilo/
ПЕТТО ПРАВИЛО-Внимавајте со вештачките трепки
Доколку имате светли,кратки или ретки трепки,дефинитивно размислете за вештачки трепки за нагласување на очите.
Совет
Мали очи-изберете долги и ретки трепки или ставете вештачки прамени на работ на очниот капак.
Округли очи-одлично ке ви прилегаат вештачки трепки кои се подолги на краевите(рабовите)на окото.
Крупни очи-одберете густи и големи трепки,кои ке ги нагласат очите
Бадемасти очи-вам ви прилегаат сите облици на вештачки трепки.

Сите модели на трепки можете да ги видите на:http://aura.com.mk/portfolio/veshtachki-trepki/

ШЕСТО ПРАВИЛО-Изберете водоотпорна маскара
Бидејќи венчањето е емотивен чин,може да се потече и некоја солза.Затоа,задолжителна е водоотпорна маскара.
Совет
За мали и кратки трепки одберете маскара за волумен со четкичка која има густи и кратки влакненца.Предлагаме:Pump it up! маскара за волумен
За долги и ретки трепки користете маскара за дефинирање на трепки.Препорачуваме:Lift it up! маскара за дефинирање на трепки.

СЕДМО ПРАВИЛО-Посебно негувајте ја својата кожа пред венчањето
Доколку ова ви е секојдневна рутина,тогаш само така наставете,а доколку немате обичај да правите пилинг,ставате маски и редовно да ја негувате кожата со соодветни креми за ваш тип на кожа и години,тогаш почнете со третманите најдоцна еден месец пред венчањето.Закажете третман кај својот козметичар!Онаа што можете сами да го направите е да го спремите лицето за третманот.Добро измијте го и не го мачкајте со никакви средства.