Тој е решение за повеќе проблеми

Еден производ за решавање на повеќе проблеми:го спречува сјаењето на кожата,ја матира,ја фиксира шминката,а проширените пори се помалку видливи!
Aura Shine Killer-совршен производ за сите кои имаат проблеми со сјајната кожа и проширените пори на лицето.
Не се чувствува на лицето,лесно ја матира Т зоната.Доаѓа во картонска кутија,во која се наоѓа пакувањето од проѕирна пластика со црн поклопец.Пакувањето содржи 5 грама од производот,со рок на траење 18 месеци од отворањето на кутивчето.Цената му е околу 300 денари,и со оглед на тоа колку бавно се троши-понудата е одлична!

Самата пудра е во бела боја,но кога ке се нанесе на лицето потпослно се вклопува со тенот и не остава никаква боја.На допир е како свилен прав,а на лицето не создава чувство на тежина,туку,едноставно,го впие вишокот на маснотијата и лицето изгледа матирано.
Не создава брашнаст изглед,ниту се собира во борите,што му е најголема предност.Преку проширените пори создава фин превез,па тие стануваат подискретни и помалку видливи.
Се нанесува само на деловите од лицето кои се мрсни,односно на Т-зоната,додека на краевите на лицето не се става,за да се одбегне истакнувањето на сувите делови на лицето.
Заклучок:
-Моментално ја матира кожата на лицето
-Го спречува сјаењето на кожата и до 8 часа
-Make-up-от повеќе трае
-Го ублажува изгледот на борите
-Ги прекрива ситните неправилности на кожата
-Отпорен на зноење и на вода,без талк и масло.
Значи,не ја суши ни размачкува кожата на лицето.Составот му е многу едноставен(silicium dioksid-кварцен песок).Тоа е состојка која одамна се користи во изработка на козметички препарати,поради својата особина за волумен и растресување на препаратот.Од површината на кожата ги собира сите физиолошки продукти кои се излачуваат преку неа.
Aura Shine Killer-производ кој ке го спречи сјаењето на кожата,ке ја ублажи видливоста на проширените пори и ке ја фиксира шминката.
Производ за решавање на повеќе проблеми,погоден за користење во текот на целата година.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ