Не фарбајте се по 19 часот!

Каква фарба за коса?

Се зависи од тоа дали вашата природна боја на косата има топол или ладен подтон.Подтонот најлесно се одредува на дневната светлина,со набљудување на преливот.Ако косата има црвенкаст или златен прелив на дневната светлина,тогаш добро ке изгледате со фарби во такви нијанси.

 

Секогаш купете повеќе фарби-едната фарба измешајте ја а другата имајте ја секогаш при рака.

Освен ако немате многу кратка коса,пожелно е секогаш да имате две пакувања од омилената боја за коса.Најмногу грамажа имаат професионалните фарби(AURA Velvet ton фарба за коса-60 грама),но се продава во пакување без ракавици,регенератор за коса и хидроген.Затоа,имајте барем половина туба хидроген повеќе!Тој може подолго да се употребува иако е отворен,а често,со додавање на хидрогенот се добива поголема количина на фарбата.Неискористениот дел од фарбата можете да го чувате за друго фарбање,но тубата мора да е добро затворена.

 

Правилна употреба на хидрогенот

Хидрогенот,односно неговата јачина ја бирате во зависност од бојата на подлогата(косата).Доколку имате потемна коса,користете АУРА хидроген од 9%,а за посветла коса,со мали промени,доволно е да се користи 6% АУРА хидроген.Хидрогенот од 12% се користи исклучиво за руси(плави)нијанси.За темните фарби како црната,темно-кафеавите  и средно кафеавите нијанси,доволно е да користите хидроген од 6%.

Прескокнете го миењето на косата неколку дена пред фарбањето!

Кожата на главата има свои природни маснотиии кои ги излачува за да создаде заштитен слој од иритации.Оваа треба да се искористи при фарбањето кога иритацијата на кожата е најзачестено.Благо-мрсната кожа и немиената коса неколку дена  е многу поедноставна за обликување и боење.

 Не фарбајте се по 19 часот!

За прецизно фарбање на косата потребна е дневна светлина.Впрочем,фарбањето коса на вештачко осветлување дава друга димензија на бојата.Затоа,за правилно и рамномерно нанесување на фарбата,секогаш користете го периодот до 19 часот.